Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порошенко: Ја повлекуваме војската од Дебаљцево

Порошенко: Ја повлекуваме војската од Дебаљцево

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврдил денеска дека силите на украинската војска се повлекуваат од градот Дебаљцево на истокот од земјата, каде веќе неколку недели се одвиваат жестоки судири со просруските сили за контрола над важниот железнички сообраќај.

„Украинската војска заедно со националната гарда утрово донела одлука за повлекување од Дебаљцево. Можеме да кажеме дека досега над 80 одсто од нашите единици по напуштија тој град“, изјавил Порошенко во аудио снимката која ја објави неговата прес служба.

Порошенко пред заминувањето на првата линија на фронтот, ги пофалил украинските сили за исполнување на својата должност во одбрана на Дебаљцево и изјавил дека тие на светот му го покажале „вистинското лице на бандитите и сепаратистите кои имаат поддршка од Русија“.

Агенцијата АФП нешто порано објавила дека од Дебаљцево се повлекуваат десните украински тенкови и други воени возила.

Известувачот на таа агенција видел како возила со уморни и небричени војници пристигаат во близина на градот Артемивск, каде што еден војник потврдил дека тие се „војници кои доаѓаат од Дебаљцево“.

Иако на 15 февруари стапи на сила примирјето, окулу градот Дебаљцево се'уште се водеа жестоки напади помеѓу украинските и проруските сили.

Слично

Поврзани вести