Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порошенко: Цврстата позиција зависи од единството на народот, силната држава и јаката војска

Порошенко: Цврстата позиција зависи од единството на народот, силната држава и јаката војска

Украинскиот претседател Петар Порошенко изјави пред прговорите со претседателот на Русија Владимир Путин во Минск дека цврстата позиција на неговата земја зависи од „единството на народот, силната држава и јаката војска“.

Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петар Порошенко, ќе учествуваат во мировните преговори во Минск на 26 август, пренесуваат денеска руските медиуми.

Од украинското претседателство е соопштено дека Порошенко оди во Минск заедно со тимот претставници од ЕУ, меѓу кои се високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и европските комесари за трговија и енергетика Карел де Гухти Гинтер Етингер.

Путин во разговорите во Минск ќе биде „појачан“ со учеството на белорускиот и казахстанскиот претседател Александар Лукашенко и Нурсулатан Назарбајев.

Слично

Поврзани вести