Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проруски функционер тврди дека украинските сили се осум пати побројни во контраофанзиватa

Проруски функционер тврди дека украинските сили се осум пати побројни во контраофанзиватa

Украинските трупи се осум пати побројни во контраофанзивата. 

За рускиот ТВ канал „Русија-24“, ова го тврди прорускиот функционер од Херсон, Виталиј Ганчев. Тој  рече дека украинските сили ги вратиле населбите кои биле под руска контрола во северниот дел на регионот Харков и дека околу 5.000 цивили се евакуирани во Русија, пренесе Ројтерс. Но, Кирил Стремусов, еден од проруските функционери на Херсон, утринава преку Телеграм објави дека се „збунети од ситуацијата на северот“ каде руските загуби биле пријавени и дека Херсон нема да падне. Украина цело време уверува дека ќе ги врати окупираните територии. Војната почна на 24 февруари. 

foto EPA/ RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS S

Слично

Поврзани вести