Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАЗИТЕЛНИ СТАТИСТИКИ: Во Газа на секои 10 минути умира по едно дете

ПОРАЗИТЕЛНИ СТАТИСТИКИ: Во Газа на секои 10 минути умира по едно дете

Во Газа на секои 10 минути умира по едно дете. Овој податок го соопштија од Обединетите нации. 

Во војната меѓу Израел и палестинската терористичка група Хамас во просек на секои 10 минути е убиено по едно дете, а две деца се повредени, објави денеска канцеларијата на ОН во Женева повикувајќи се на податоците на Палестинската агенција за бегалци (УНРВА).

„Децата не смеaт да бидат цел“, стои во објавата на ОН на „Икс“.

ОН вчера објавија дека скоро 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври и предупредија дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не само што води сопствена војна против Хамас, туку тоа е и „цивилизациска битка против варварството“. Хамас тврди дека тие победиле на 7- ми октомври и така ќе остане. Според Министерството за здравство на Газа, досега загинале над 10.000 Палестинци. 

Слично

Поврзани вести