Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поразеното Мароко поднесе жалба до ФИФА

Поразеното Мароко поднесе жалба до ФИФА

Мароко поднесе жалба до ФИФА, откако синоќа изгубија против Франција. 

Мароканската фудбалска федерација поднесе официјална жалба до ФИФА за мексиканскиот судија, Цезар Рамос. Тврдат дека при 2:0 поразот од Франција во полуфиналето на СП ги оштетил со тоа што не досудил два пенали за нивната репрезентација. Посебен инцидент кој го посочи федерацијата беше фаулот на Тео Ернандез над Софијан Буфал, по што наместо да добијат пенал, Мароканците дури беа казнети со жолт картон за Буфал.

„Ние ќе продолжиме да ги штитиме правата на нашиот тим, да бараме ферплеј и да бараме одговор за неправдите кон мароканската репрезентација во полуфиналето на СП во Катар“, стои во објавата на федерацијата на африканската репрезентација.

Инаку, во Франција и Белгија имаше немири, каде се тепаа навивачи. Загина и едно момче. 

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа слезе во соблекувалната на Мароко за да му честита на противникот за отпорот, откако Франција победи. 


Слично

Поврзани вести