ПОРАЗ ГО „ПОГОДИ“ И ПОРОШЕНКО: Комичар без искуство со победа во првиот круг
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјавил дека сериозно го сфаќа лошиот резултат на одржаните претседателски избори.
-Не чувствувам никаква еуфорија. Критички и трезвено ја сфаќам пораката која општеството им ја прати на актуелните власти - рекол Порошенко.
Неколку излезни анкети покажале дека во вториот круг оди комичарот Владимир Зеленски и актуелниот претседател Порошенко.
Зеленски според анкетите, освоил 30,4 отсто од гласовите , додека на второ место е актуелниот претседател Порошенко со 17,8 отсто од своените гласови.
Третиот кандидат, екс премиерката на Украина Јулија Тимошенко, претходно во неделата вечерта ги доведе во прашање резултатите на излезните анкети кои покажуваат дека таа не добила доволно гласови за влез во вториот круг.
