Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешните „пријатели“ на Меркел се обидуваат да ја „лизнат“ од власт

Поранешните „пријатели“ на Меркел се обидуваат да ја „лизнат“ од власт

Откако не можеа да постигнат компромис со непомирливите имиграциски политики на канцеларката, германските министри дејствуваат конспиративно - претходните „пријатели“ се обидуваат да и ја одземат власта на канцеларката, пишува „Der Spiegel“.

Миграциската криза стана криза на владата, пишува весникот. Во Заводот на канцеларката владее хаос: отпрвин коалицијата се договорила за нова политика во однос на мигрантите, потоа министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер најави промени. Министерот за финансии Волфганг Шојбле изјави дека де Мезиер е во право во ограничување на бројот на мигрантите.

Според компромисното решение донесено минатата недела, бегалците можат да останат во Германија до три години, со што ќе им се даде можност да се соберат со своите семејства. Мезиер сепак смета дека таканаречената субсидијарна заштита (само една година престој и одбивање за собирање на семејствата) треба да биде применета и во однос на сириските бегалци.

Според изданието, ако на семејствата не им се обезбеди легален начин за собирање на семејствата, тие ќе бараат незаконски патишта за да го сторат тоа.

Таква политика би била бездушна и лоша, но сето тоа повеќе не ги интересира Шојбле и де Мезиер. Нивната единствена цел е да се намали бројот на бегалците, и го објаснуваат со фактот дека омразата кон странците во Германија се засилува, а државата трпи измени. Одговорноста за тоа што се случува, сепак лежи не врз бегалците, туку на самите Германци. Министрите ја имаат обезбедено јавната поддршка и организирале заговор против својата влада. „Однесувањето на Томас де Мезиер и на Волфганг Шојбле може да се опише со еден збор: пуч“ - резимира „Der Spiegel“.

Слично

Поврзани вести