Поранешниот принц Ендру наводно се обидел да спречи иселување: „Јас сум втор син на кралицата, не можете да ми го направите ова“
Британскиот таблоид „Сан“ објави дека Ендру Маунтбатен-Виндзор, попознат како принцот Ендру, наводно се обидел да го спречи неговото иселување од Кралската ложа велејќи: „Јас сум втор син на кралицата, не можете да ми го направите ова“. Весникот тврди дека тој го рекол ова во моментот кога морал да ја напушти резиденцијата во Виндзор и да се пресели во Сандрингам.
Според наводите што му ги припишува на „Сан“ неименуван извор од кралските кругови, Ендру одбил да преземе одговорност и не сакал да го напушти имотот. Истиот извор тврди дека тој постојано повторувал дека таква одлука не може да му се наметне поради неговиот семеен статус.
How Reuters got that iconic photo of Andrew Mountbatten-Windsor — @philnoble1 talks luck and skill on today's episode of the Reuters World News podcast Listen now https://t.co/t4A56cUDfB pic.twitter.com/YzgQcQSuwg
— Reuters (@Reuters) February 22, 2026
Друг анонимен извор му рекол на британскиот таблоид дека разговорите за иселувањето биле напнати и дека Ендру јасно ставил до знаење дека не сака да си замине. Преговорите за неговото повлекување од Кралската ложа, каде што живееше со неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, траат со месеци.
Целосна екскомуникација
За потсетување, Ендру беше уапсен во четврток, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на службената должност. Сомневањата се однесуваат на неговото време како британски трговски претставник и наводните контакти поврзани со Џефри Епштајн.
Ендру е трето дете на покојната кралица Елизабета и моментално е осмо во редот за британскиот престол. Сепак, тоа би можело да се промени.
Британската влада разгледува закон за отстранување на Виндзор од линијата на наследување. Според Би-Би-Си, таков потег би следел по завршувањето на полициската истрага.
Фото: Принтскрин/Икс
