Поранешниот француски претседател Саркози приведен под сомнение за корупција
Екс-претседателот на Франција Никола Саркози се појави утрово во полициска станица за да биде испитан по обвиненијата за корупција, потврдија француските истражни органи.
„Саркози бил повикан во Нантер и задржан заради испрашување“, навел анонимен извор за Ројтерс. Рано утрово Саркози сам пристигнал во полиција на распит поврзано со неговите канцеларии во предградието Нантер, западно од Париз.
Вчера бил задржан и неговит адвокат. Истражните органи настојуваат да утврдат дали Саркози, со помош на адвокатот Ерзог, се обидел од еден судија да извлече доверливи информации за „аферата Бетанкур“, во која е инволвиран поранешниот шеф на француската држава, и да влијае на текот на судењето. На распит е повикан и судијата Гилберт Азиберт.
„Аферата Бетанкур“ е случај во кој Саркози е обвинет за нелегално собирање пари за предизборната кампања во 2007 година од најбогатата Французинка, сопственичката на компанијата „Лореал“ Лилијан Бетанкур.
Истражителите се сомневаат дека Саркози знаел дека неговиот мобилен телефон го прислушкуваат судиите кои работат на случајот поврзант со незаконито финансирање на неговата изборна кампања.
Слично
