Поранешни грузиски министри уапсени поради перење пари
Двајца поранешни министри на Грузија, еден заменик-министер, еден директор и други денеска се приведени во Тбилиси под сомневање дека незаконски префрлале пари на фиктивна компанија.
Меѓу приведени се поранешниот министер за енергетика Алеко Хетагури, поранешниот министер за образование Ника Гварамија, сега директор на телевизијата „Рустави-2“, генералниот директор на компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Теласи“ Деви Канделаки и поранешниот заменик-министер за економија Каха Даменија.
Тие се осомничени дека префрлиле еден милион долари на фиктивна компанија за консултантски услуги.
Слично
