Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАНЕШЕН УЧЕНИК ЗАСТРЕЛА СЕДУМ УЧЕНИЦИ И ЕДЕН ВОЗРАСЕН ВО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАЦ: Тој се самоубил, пронајден е во тоалетот

ПОРАНЕШЕН УЧЕНИК ЗАСТРЕЛА СЕДУМ УЧЕНИЦИ И ЕДЕН ВОЗРАСЕН ВО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАЦ: Тој се самоубил, пронајден е во тоалетот

Девет лица, меѓу кои седум ученици, еден возрасен и напаѓачот, загинаа во вооружен напад што утрово се случи во средното училиште BORG Dreierschützengasse во Грац, Австрија. Повеќе од 28  лица се тешко повредени, но се уште нема конкретни бројки. Најмалку четворица од нив се во исклучително критична состојба. Некои жртви наводно биле застрелани во главата, објави „Кронен цајтунг“.

Според првичните информации, напаѓачот е 22-годишен поранешен ученик во тоа училиште, апукал во две училници. Подоцна бил пронајден мртов во училишен тоалет. Австриските медиуми пренесуваат дека тој се сметал себеси за жртва на малтретирање.

Според непотврдени информации, легално поседувал оружје - пиштол и пушка што ги имал со себе, пишува „ Salzburger Nachrichten“.

Една од двете училници во кои пукал е наводно неговата поранешна училница.

На терен се распоредени специјални полициски единици и хеликоптери. Училиштето е целосно евакуирано, а родителите се пренасочени во салата ASKÖ за информации. Болниците во Грац се преоптоварени, а за погодените е активиран кризен тим за психолошка помош.

Градоначалничката Елке Кар трагедијата ја нарече „ужасен напад“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Полицијата повика граѓаните да ја избегнуваат областа и да ги следат упатствата на безбедносните служби.

фото: YouTube/Print Screen

Слично

Поврзани вести