Поранешен пожарникар од Бафало е убиениот посетител на митингот на Трамп
Кори Комператоре, поранешен пожарникар од Бафало, е жртвата при пукањето од страна на атентаторот на претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп, во Пенсилванија.
Го загубил животот додека се обидувал да ги заштити својата сопруга и ќерките кога напаѓачот Томас Метју Крукс отворил оган врз Трамп за време на предизборниот митинг. Метју Крукс беше елиминиран од агентите, но за жал настрада и следбеникот на Трамп.
Ова го потврди и сестрата на жртвата, Даун Комператоре Шафер, во објава на Фејсбук напиша дека Кори „бил херој кој ги штител своите ќерки“.
- Неговата сопруга и девојките го преживеаја незамисливото. Мојот помал брат штотуку наполни 50 години и имаше уште многу живот. Омразата нема граници и љубовта нема граници. Молете се, бидејќи ова изгледа како ужасен кошмар, но знаеме дека тоа е нашата болна реалност, напиша Комператоре Шафер.
