Поранешен мексикански министер проневерил 2,2 милиони долари од државниот буџет
Американските власти запленија 2,2 милиони долари од банкарски сметки на поранешен мексикански министер за финансии кој е обвинет за кражба на државни пари во добро осмислена шема од неколку стотини милиони долари во измислени банкарски заеми.
Федералните власти ги запленија парите во Бермудската банка од сметка за која се верува дека ја контролира поранешниот министер за финансии на мексиканската држава Коавила, на границата со Тексас.
Ектор Хавиер Вијареал Ернандес, кој е во бегство, мексиканските власти кривично го гонат откако е откриено дека извлекувал пари од лажни банкарски заеми наменети на мексиканската држава и ги префрлувал на банкарски сметки во Тексас, а оттаму на сметка на Бермудска банка.
Властите утврдиле дека на негова сметка во депозитот имало 3,9 милиони долари, а дека над 1,9 милиони отишле на купување недвижности во Тексас.
Ернандес, чија министерска плата не надминала 100.000 долари годишно, во перењето пари ја вклучил и својата сопруга, како и членови на семејството. Тие се обвинети дека отворале фирми и сметки во американски банки и купувале недвижности во име на повеќе непостоечки компании.
Слично
