Поранешен функционер на Кремљ, сопругата и ќерка му се најдени мртви во стан во Москва
Рускиот милионер Владислав Аваев (51) е пронајден мртов во својот луксузен стан во Москва, а застрелани се и неговата бремена сопруга и малолетната ќерка.
Тој е поранешен функционер на Кремљ и поранешен потпретседател на банката Гаспром. Пронајден е мртов во својот луксузен стан на 14-ти кат од зграда во Москва.
Според медиумите, телата на милионерот, неговата сопруга и ќерка ги пронашла постарата ќерка Анастасија (26) која насилно влегла во станот откако со часови не можела да стапи во контакт со никого од семејството. Телата имале прострелни рани.
Анастасија Авајева во полиција рекла дека пиштолот бил во раката на нејзиниот татко кога го пронашла неговото тело. Рекла и дека во луксузниот стан имало 13 парчиња оружје.
Иако причината за смртта не е официјално објавена, во медиумите се појавија две теории за мотивот за, како што изгледа, убиство и самоубиство.
Првите извештаи укажуваат дека рускиот бизнисмен ги застрелал сопругата и ќерката, а потоа си пресудил поради љубомора.
