Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен член на Вагнер тврди дека Пригожин е луд

Поранешен член на Вагнер тврди дека Пригожин е луд

Пригожин е луд, ќе го убијат неговите луѓе, вели Андреј Медведев, поранешен член на платеничката група Вагнер. 

Тој даде интервју за Франс 24 скоро два месеци откако побегна во Норвешка и таму побара азил.  Медведев објасни дека „сведочел многу работи“ додека се борел во Украина. Сепак, тој рече дека не сака да зборува за детали затоа што информациите ги чувал за норвешките истражители. Тврди дека е „изненаден“ од неодамнешните јавни изјави на шефот Вагнер, Eвгениј Пригожин кој се спротивстави на недостатокот на логистичка поддршка и муниција. Поранешниот платеник му се извини на украинскиот народ. Вели дека рускиот народ, кој е жртва на провоената „пропаганда“, не треба да се поистоветува со руските лидери кои ја започнаа војната. Медведев се надева дека ќе добие азил во Норвешка. Тој рече дека ако се врати во Русија, барем ќе ја „каже вистината“ и дека е „подготвен да ја плати цената за тоа“. Тој негираше дека редовните борци извршиле злосторства врз цивили, но додаде дека командантите имаат од што да се срамат. 

Денеска имаше напади во повеќе градови во Украина. 

Слично

Поврзани вести