Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен член на кинеското Политбиро е обвинет за корупција

Поранешен член на кинеското Политбиро е обвинет за корупција
Поранешниот член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина (КПК), Бо Cилај, чие што исклучување од партијата минатата година ја шокираше јавноста, е обвинет за корупција и злоупотреба на положбата, јави агенцијата Cинхуа. Во обвинението се наведува дека Бо, како член на партијата, ја злоупотребил положбата, со цел да оствари профит, и примил значајна сума на пари и недвижнини, и злоупотребил државни пари. Укинат му е пратеничкиот имунитет и е исфрлен од редовите на парламентот. Неговата сопруга, Гу Каилаи, условно беше осудена на смрт, што е еднакво на доживотна робија, во август 2011 година, за убиство на британскиот бизнисмен, Нил Хејвуд.  
Слично

Поврзани вести