ПОРАНЕШЕН АМЕРИКАНСКИ АМБАСАДОР: Јасно е дека Путин сака да го убие Зеленски, прашање е дали така ќе се однесуваше да беше претседател Трамп
Поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер изјави за Sky News дека е „тешко да се каже“ дали рускиот претседател Владимир Путин „ќе се осмелел да биде толку храбар, брутален и агресивен“ во инвазијата на Украина, ако Доналд Трамп останел претседател на САД. Волкер смета дека Трамп бил делумно „многу непредвидлив“ и мисли дека „Путин не би бил сигурен што ќе направи Трамп“.
„Мислам дека Путин веруваше дека нема да биде проблем Трамп да употреби сила. Погледнете како го смени лидерот на Иранската револуционерна гарда“, рече Волкер, додавајќи дека намерите на рускиот претседател пред инвазијата биле „сосема јасни“, но тој не бил сигурен дека ќе се обиде да ја преземе целата земја и да ја собори Владата или само ќе окупира делови од источна Украина“.
„За жал, сега е многу јасно дека сака да го убие Зеленски, да ја собори владата и да ја контролира целата земја“, рече поранешниот американски амбасадор, додавајќи дека Путин, по неговите потези, сега е во ќор-сокак.
„Тој започна воена операција мислејќи дека може да потрае два или три дена. Според него, тоа би требало да биде прилично лесно, што очигледно не е точно“, рече Волкер, додавајќи: „Руските сили се заглавени на многу места. Тие претрпеа многу жртви, многу загуби на опрема. И сега се воведени овие санкции, кои се навистина значајни против руската економија“, вели тој.
