Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАКА ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Макрон кажа во која насока треба да се движи Европа

ПОРАКА ПОСЛЕ ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Макрон кажа во која насока треба да се движи Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон, вели дека мораат да изградат Европа, која ќе биде одбранбена и способна. 

Макрон денеска изјави дека Европа мора да ги заштити својот суверенитет, стратешката автономија и пазар наместо да зависи од другите. Вели дека Европа мора да игра важна улога во НАТО. 
„Тоа е стратешка улога што ние во Европа мора да ја сфатиме сериозно. Не можеме да ја оставиме нашата безбедност на Американците. Без разлика дали сте членка на Европската Унија или не, ние мора да се погрижиме да имаме европски преференции во нашето индустриско производство. Мораме да се погрижиме да имаме безбедност во нашите земји, на југ, на исток, на запад“, рече Макрон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред европските лидери излезе со предупредување дека капитулацијата пред Русија по нејзината инвазија на Украина би била „самоубиствена“ за Европа. Вели дека за Украина е неприфатливо да му попушти на Путин. 

Во обраќањето Зеленски рече дека веќе разговарал и со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за тоа како и Соединетите Држави и Европа треба да бидат силни партнери во услови кога светот се соочува со „многу предизвици“.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести