ПОРАКА ОД САД: Русија да го почитува суверенитетот на Украина!
Официјална Москва мора да го почитува територијалниот суверенитет на соседна Украина, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, регирајќи на најновата наредба на рускиот претседател Владимир Путин, кој во екот на украинската криза нареди проверка на борбаната готовност на армијата.
„Се надеваме дека Русија не гледа на случувањата во Украина како на продолжување на Студената војна. Ова не е филмот „Роки 4“!“, рече Кери.
По наредба на Путин денеска силите во западниот руски воен округ, што се граничи со Украина, се ставени во тревога. Потегот дополнително ја вжешти атмосферата во Украина, во која денеска имаше нови масовни судири.
Дваесетина лица се повредени, а еден човек починал од срцев удар во директните судири меѓу проруското население на Крим и татарското малцинство кое ги поддржува новите киевски власти.
Слично
