ПОРАКА: Јанукович на пресконференцијата зборувал руски, а не украински
Повеќе од 100 новинари присуствувале на денешната пресконференција на разрешениот украински претседател Виктор Јанукович во рускиот град Ростов на Дон.
Новинарите се бореле за збор секогаш кога ќе добиеле можност, а на многумина воопшто не им било дозволено да постават прашање. Според медиумите, интересно е што Јанукович на пресконференцијата говорел на руски, а не на украински јазик со што сакал да испрати и одредена политичка порака.
Доскорешниот шеф на украинската држава цело време седел мирно на маса, речиси воопшто не се помрднал и не се возбудувал премногу на незгодните прашања. Сепак на некои одбил воопшто да одговори.
На одредени прашања одговарал надмено, со изговор дека не разбира што го прашуваат.
„Вистината ќе излезе на виделина и вистината ќе победи“, со овие зборови Јанукович ја завршил пресконференцијата.
Во меѓувреме во Киев, на Плоштадот на независноста, главното упориште на демонстрантите против Јанукович, првото обраќање на разрешениот украински претседател во бегство се следело во живо, на радио.
Слично
