Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порака до државните службеници: Нема вакцина, нема плата

Порака до државните службеници: Нема вакцина, нема плата

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници дека нема да добијат плата, ако не се вакцинираат. 

Шефот на Комисијата за јавни услуги на Зимбабве, Џонатан Вутавунаше денеска ги известил државните службеници дека ако не се имунизираат против ковид-19, нема да им биде дозволено да работат. 

Вутавунаше, потврдил за ДПА дека писмото од 15 септември, во кое им се вели на сите 300.000 државни службеници да се вакцинираат или да останат без плата, е вистинско. Досега 1.963.058 луѓе се целосно вакцинирани во Зимбабве, држава со околу 14,6 милиони луѓе. Зимбабве има 127.083 потврдени случаи на ковид и 4.551 починат. 

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести