Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради закани, амбасадите на САД во недела ќе стават клуч на врата

Поради закани, амбасадите на САД во недела ќе стават клуч на врата
Во недела, како одговор на неодредена закана, САД ќе затворат голем број на амбасади и конзулати, главно на Блискиот Исток, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на американските власти. Портпаролкатата на Стејт департментот, Мари Харф, изјави дека оваа одлука ќе се примени на било која амбасада или конзулат. „Ние им наложивме на сите американски амбасади и конзулати кои ќе бидат нормално отворени во недела да ги суспендираат своите операции, посебно на 4 август" - изјави висок претставник на Стејт департментот. Официјален претставник изјави дека Стејт департментот "бил известени за информации" кои доведуваат до овие "заштитни мерки од голема претпазливост". Си-Би-Ес Вести објавија дека меѓу оние кои се погодени од затворањето ќе бидат амбасадите или конзулатите во Бахреин, Израел, Јордан, Кувајт, Либија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен, Авганистан и Бангладеш. Минатата година, напад врз објект во Бенгази доведе до смрт на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс, како и три други членови на персоналот на американскиот конзулат.
Слично

Поврзани вести