Поради војни и катастрофи 27.8 милиони луѓе се раселени
Околу 28 милиони луѓе во светот биле принудени да ги напуштат своите домови само за една година, поради вооружени конфликти и катастрофи.
Најмногу луѓе се иселиле од Сирија, Јемен и Ирак. Податоците се на Норвешкиот совет за бегалци. Нивниот број е рекорден, а тоа е најголемото иселување досега. Секојдневно во 2015 година од своите домови заминувале 66.000 луѓе. Во првите десет земји од кои имало иселување влегуваат уште Колумбија, Демократска Република Конго, Јужен Судан и Судан.
Дел од раселените чекаат момент кога ќе можат да се вратат во своите домови. Последниот пример е од средината на април, кога илјадници Ирачани се враќаат во своите домови во Рамади, место кое беше ослободено од џихадистите, пренесе „Ројтерс".
