ПОРАДИ ВОЈНАТА МОЈОТ СИН САКА ДА БИДЕ ВОЈНИК, Зеленска со емотивна порака од САД
Првата дама на Украина Олена Зеленска вели дека војната во Украина го натерала нејзиниот деветгодишен син да сака да биде војник.
Зеленска во едно од своите обраќања во јавноста во САД, каде е во официјална посета, посочува оти сега единственото нешто што нејзиниот син Кирило сака да го направи е „да ги совлада борбените вештини и како да користи пушка“.
Таа додаде дека се надева дека детството на нејзиниот син ќе му биде „вратено“.
Г-ѓа Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше во посета на САД, каде што апелираше за повеќе оружје за Украина.
Зборувајќи за влијанието на петмесечната војна со Русија врз нејзиниот син, таа посочила дека нејзиниот син сакал и изучувал народни игри и музички инструменти.
- Пред војната, мојот син одеше во ансамблот за народни игри. Свиреше пијано. Научи англиски јазик. Но, по руската инвазија очигледно, тој сака да биде војник. Не можам да го вратам да се занимава со уметност и хуманитарни науки - потенцира Зеленска.
- И тоа е она што навистина сакам да го осигурам. Како да му се врати детството на мојот син и тој максимално да ужива во својот живот - потенцира Зеленска, која исто така е мајка на 18-годишната Олександра, а се осврна и на маките на другите деца и родители од Укриана, за време на нејзината посета на САД, пренесува Би-Би-Си.
За време на 15-минутниот говор пред американскиот Конгрес во средата, таа презентираше фотографии и видеа од украински деца кои биле убиени или повредени за време на војната.
Една од вклучените слики беше на четиригодишната Лиза Дмитријева, која беше убиена во воздушен напад во централно-западниот град Виниција.
- Сакаме секој татко и секоја мајка да може да му каже на своето дете- Оди мирно да спиеш. Нема да има повеќе воздушни напади, нема повеќе ракетни напади. Дали е ова премногу за посакување. Но, за жал, војната не е завршена, теророт продолжува - кажа таа за време на нејзиниот говор.
Апелирајќи за повеќе оружје и системи за воздушна одбрана, таа рече: „Барам оружје. Оружје што нема да се користи за водење војна на туѓа земја, туку за заштита на својот дом и правото да се разбудат живи во тој дом.
Членовите на Конгресот во голема мера ги поддржаа барањата на Украина за поголема безбедносна помош и досега и обезбедија околу 8 милијарди долари (6,6 милиони фунти) на Украина.
За време на нејзината посета на САД, г-ѓа Зеленска - која неодамна презеде повеќе јавна улога - се состана и со американскиот претседател Џо Бајден, првата дама Џил Бајден и државниот секретар Антони Блинкен.
Ukraine’s first lady, Olena Zelenska, addressed the U.S. Congress on Wednesday, asking for more weapons to defend against what she called the "Russian hunger games" killing children and ripping apart families. "Russia is destroying our people," she said. https://t.co/ pic.twitter.com/eiY2YmTDRC
— The New York Times (@nytimes) July 20, 2022
Фото: Принскрин/Твитер
