Поради војната, мините, над 30 отсто од украинските ниви ќе останат необработени
Над 30 отсто од земјоделските површини во Украина нема да бидат погодни за сеење жито оваа година поради војната, објавија Обединетите нации(ОН).
Главните причини за тоа се активни воени дејствија, како и голем број мини и друга муниција оставени на полињата.
Овие површини нема да се искористат за пченица, јачмен, сончоглед и пченка. Континуираните воени дејствија можат да предизвикаат глобална прехранбена катастрофа, затоа што 36 од 55 земји со прехранбена криза се зависни од Украина и рускиот извоз. Украинските складишта се преполни со жито, коешто во една обична година помага да се прехранат 400 милиони луѓе во светот. Но, синџирот на снабдување е нарушен поради војната. Во светот растат и цените на пченката. Се смета дека многу од африканските земји ќе се соочат со глад поради кризата во Украина.
