Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради украинската контраофанзива Русите евакуираат цивили од три града

Поради украинската контраофанзива Русите евакуираат цивили од три града

Русите евакуираат цивили од три града во источна Украина поради украинската офанзива. 

Официјален претставник назначен од Русија во украинската област Харков, Виталиј Ганчев објави дека цивилите се евакуираат од три територии под руска контрола во регионот поради опасност од украинска контраофанзива.

Ганчев во директен пренос на руската државна телевизија „Русија 1″ рече дека цивилите се евакуираат од градовите Ижиум, Купјанск и Велики Бурлук.

Украинските сили напредуваат во Керсон и Харкив, вели американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Тој изјави дека украинските сили покажуваат знаци на успеси на бојното поле во две контраофанзиви и дека Соединетите Држави ќе го поддржуваат Киев во неговата битка против инвазијата на руските трупи. 

Украина вети дека ќе ги врати сите свои градови, но и полуостровот Крим. 

Слично

Поврзани вести