Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради топлото време, Холандија има недостиг од вода

Поради топлото време, Холандија има недостиг од вода

Холандија официјално прогласи недостиг на вода. 

Владата денеска соопшти дека на национално ниво има недостиг на вода предизвикан од топлото и суво лето. 

Во текот на летото во земјата падна многу малку дожд, а условите за суша на север и исток од Европа исто така значат дека помалку вода стигнува до земјата преку реките.

Снабдувањето со вода за пиење не е загрозено и сè уште не се потребни нови мерки, но тоа може да се промени во наредните недели.

Властите во некои делови од земјата веќе воведоа рестрикции за земјоделците кои ги наводнуваат земјоделските култури, а неколку речни фериботи се суспендирани поради нискиот водостој. Сувите услови ги попречуваат и товарните бродови што минуваат низ реките низ земјата.

Холандија е уште една земја во Европа која ги чувствува последиците од сушата и недостатокот на врнежи. Франција и Италија исто така се соочија со суши.

Италија се соочи со суша каква немало 70 години. Тоа доведе до поскапување на цената на оризот, доматната паста и маслиновото масло. Топлотен бран имаше и во Шпанија и Португалија. 

Слично

Поврзани вести