Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради тешката зима може да има немири во Европа?

Поради тешката зима може да има немири во Европа?

Moжно е оваа зима во Европа да има протести и немири. 

Кристалина Георгиева од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) порача дека поради актуелната ситуација, Европската централна банка мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата имајќи ја предвид „неопходноста од зајакнување на економијата“.

„Во некои земји секако постои страв од рецесија, а и да не се случи, ќе изгледа како да се случи оваа зима“, изјави Георгиева.

Таа додаде дека војната во Украина доведе до тешки економски последици. 

„Ако мајката природа одлучи дека не сака да соработува, а зимата е сурова, може да дојде до социјални немири“, рече Георгиева.

Eвропските земји веќе ги повикаа своите граѓани да штедат, да носат топла облека, да се тушираат пократко и слично. 

Слично

Поврзани вести