Поради сомнителен пакет „блокирана“ Белата куќа
Белата куќа во Вашингтон денеска е под блокада заради сомнителен пакет оставен на северната страна на комплексот.
Агентите на тајната служба ги задржале сите новинари во зградата и испитуваат за што се работи. Тревогата се случила по само неколку моменти откако во Белата куќа се врати американскиот претседател, Барак Обама кој беше на одбележувањето на Денот на сеќавање на загинатите припадници на оружените сили. Тој ги посети воените гробишта во Арлингтон, каде присуствуваше на годишната комеморација за загинатите војници.
Неодамна имаше нереди пред Белата куќа кога вооружен маж пукаше.
Слично
