Поради сомнителен коверт затворен британскиот Парламент
Полицијата во Британија денеска ја затвори зградата на Парламентот, откако коверт со сомнителен бел прав пристигнал на адреса на членот на Домот на лордовите, британскиот лорд Ахмед.
Откако го отворил коверот, по него и по работната маса се истурил бел прав за кој лордот помислил дека е некое хемиско или биолошко оружје.
Повикани биле безбедносните органи и припадници на специјалната единица за борба против тероризмот, како и специјализирани медицински служби. Лордот бил под постојана лекарска контрола се додека не било утврдено дека „сомнителниот“ прав е сосема безопасен.
Во ковертот имало и една порака до лордот на која било само напишано „Паки гнаса“. „Паки“ е навредлив збор кој се користи за припадниците на пакистанската заедница во Велика Британија, како и за Британците од пакистанско потекло. По ова полицијата заклучи дека се работи за „расистички напад“ кон лордот.
Не е познато кој го извршил ваквиот „напад“, но лордот вели дека ова не е прв ваков случај. Лорд Ахмед е првиот муслиман во Велика Британија.
