Jапонскиот јен слабее, производството на Тојота расте
Најголемиот јапонски и светски автомобилски производител Тојота го зголемува производството за околу десет проценти. Од компанијата планираат во Јапонија да произведат, во периодот од април до септември, нови 2,5 милиони возила односно за 200 илади повеќе од претходно планираните, пишува бизнис весникот „Nikkei“.
Според весникот, слабоста на јапонскиот јен во последно време ќе го поттикне извозот на Тојота во САД, но и на Блискиот Исток. Минатата година Тојота си ја врати титулата за најголем производител на автомобили во светот, надминувајќи го американскиот производител „General Motors“ и германскиот „Volkswagen“.
Скапата фискална и монетарна политика на јапонскиот премиер Шиндзо Абе доведе во последните месеци до силен пад на курсот на јенот. Со тоа јапонските компании добија можност за полесен извоз на странските пазари, бидејќи слабиот јен поевтини дел од јапонските производи во странство. Сепак Јапонија трпи меѓународни критики поради својата монетарна политика.
Во меѓувреме, во извештајот на јапонската Асоцијација на автомобилска индустрија се вели дека локалните автомобили го прошируваат своето производство во странство, каде минатата година биле склопени 62 проценти од јапонските автомобили.
Осум јапонски компании од автомобилскиот сектор во 2012 година во странство произвеле над 15,43 милиони автомобили. Тоа е за 18 проценти повеќе во однос на претходната година.
Слично
