Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјите од ЕУ се подготвуваат да формираат национален интернет

Земјите од ЕУ се подготвуваат да формираат национален интернет
Некои земји почнаа да го ограничуваат интернет просторот во своите земји и да формираат сопствен национален интернет, поради скандалот што се случи со НСА- Националната Агенција за Сигурност на САД, со шпионажа на личните потадоци на лица што ги користат социјалните мрежи. Европскиот комесар за правда, Вивиен Рединг, истакна загриженост за американското шпионирање на европските граѓани преку PRISM- американската програма за шпионирање. Таа вчера побара да се зајакне заштитата на граѓаните на ЕУ од користење на нивните лични податоци во САД. Рединг го изрази своето задоволство од добиената поддршка од францускиот и германскиот колега, Кристијан Тобире и Сабине Лојтузер-Шнаренбергер, кои потпишаа заедничка декларација во која се инсистира на “обврска за гарантирање на високо ниво на заштита на податоците за европските граѓани.”
Слично

Поврзани вести