Поради штрајкови Франција има проблеми со електроснабдувањето
Франција има проблеми со снабдувањето со енергија, бидејќи работниците во нуклеарните централи, нафтените рафинерии и транспортот штрајкуваат против владините реформи на законите за работни односи.
Синдикатот соопшти дека излезната моќност денеска е падната за најмалку 5 гигавати при намалување на производството на нуклеарните реактори, откако членовите на синдикатот во нуклеарните централи гласаа да му се приклучат на штрајкот.
Владата вчера информираше дека ги употребила своите стратешки резерви, откако минатата недела со блокирањето на рафинериите се прекинаа снабдувањето со горива.
Синдикатите се против плановите на претседателот, Франсоа Оланд да ги промени законите за работни односи. Тоа значи да го намали надоместот за прекувремена работа и во некои случаи да биде полесно да се отпуштаат вработените.
Аеродромот „Орли“ во Париз ги намали летовите за 15 %, а штрајкот на машиновозачите се очекува и понатаму да ги наруши железничките услуги.
Премиерот на Франција, Мануел Влалс рече дека реформите можат да бидат „модифицирани“.
