Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради рецесијата Чесите се откажаа од зеленчукот, но не и од пивото

Поради рецесијата Чесите се откажаа од зеленчукот, но не и од пивото

Потрошувачките навики и консумирањето на храна кај Чесите, ги промени најдолгата рецесија во Чешка досега. Од потрошувачката кошница за десетте продукти без кои не се може, Чесите го отфрлиле овошјето, но не и пивото.

Меѓу топ десетте продукти кои Чесите ги купуваат се печивата, лебот, млекото, путерот, но и евтините видови на пиво, а целосно е отфрлено овошјето, соопштил трговскиот ланец „Ahold“.

Чесите купуваат се помалку овошје веќе три години, но сега тоа отпаднало од списокот на неопходни продукти.

Европското биро за безбедност на продуктите дневно препорачува по 400 грама овошје по лице. Во Европската унија овој просек сега изнесува 386 грама, додека во Чешка истиот е 250 грама.

„Бројот на купувачи не ни се намалува, но се менува потрошувачката кошница и се поприсутен е трендот да се купува на попусти“, вели портпаролот на „Ahold“, Јудита Урбанкова.

Цените на намирниците и безалкохолните пијалоци пораснаа во Чешка во однос на јули минатата година за седум проценти што е најмногу во Европската унија, а за последните пет години за шест проценти е зголемен бројот на Чеси кои чекаат разни попусти или промотивни акции. Сега намирници со попуст купуваат 37 проценти од потрошувачите во хипермаркетите, дисконтите и во малите продавници.

Секој втор Чех носи на работа ручек кој е направен дома, а во рестораните јадат само 13 проценти од вработените.

Слично

Поврзани вести