ПОРАДИ ПРЕДЛОГОТ ЗА МУСЛИМАНИ: На Трамп му се заканува дисквалификација од трката за претседател
Од Белата куќа остро ја осудија изјаваја на кандидатот за претседател Доналд Трамп, кој вчера предложи на сите муслимани да им се забрани влез во САД.
„Поради ваквиот предлог на Трамп треба да следи негова дисквалификација од трката за претседател” – изјави денеска портпаролот на Белата куќа.
Овој предлог пред новинарите го даде и Џош Ернест, секретарот за печат на Белата куќа кој рече дека поради котроверзната изјава, на Трамп треба да му се повлече кандидатурата за претседател на САД.
Тој порача дека секој претседател на земјата, според Уставот на САД пред се треба да се заколни на “заштита и одбрана” на сите народи, а со изјавата Трамп тоа го прекршил.
Слично
