ПОРАДИ ОВОЈ ЧОВЕК ТРЕПЕРИ БРИСЕЛ: Тој е причина за терористичкиот напад во срцето на Европа!
Брисел утрово го потресоа низа експлозии, само четири дена откако белгиските власти во кварталот Моленбек во белгиската престолниона го уапсија Салах Абдеслам, клучниот осомничен за терористичките напади кои во ноември 2015 беа извршени во Париз, а за кои одговорност презеде Исламска држава.
Многумина веруваат, како што наведуваат белгиски и француски медиуми, дека утринскиве експлозии во Брисел се изведени во знак на одмазда поради апсењето на Абдеслам, наведуваат странските медиуми.
Белгискиот федерален обвинител потврди дека во двете експлозии на бриселскиот аеродром утрово загинале 13 и поврдени се 35 лица, а дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец, додека во меѓувреме се случила и трета експлозија на станицата на метрото во Европскиот кварт.
Абдеслам, осомничен како „мозокот“ на операцијата во која во Париз на 13 ноември се убиени 130 лица, е уапсен во петокот, после четиримесечна потрага, во бриселскиот квартал во кој и пораснал.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qARnG-6RigY[/embed]Властите во Белгија признаваат дека не ја знаат „прецизната маршута на Абдеслам“ после нападот во Париз, ниту со кој точно тој бил во контакт.
Белгискиот преставник Фредерик ван Леув им рекол на новинарите во Брисел после неговото апсење како истражувачите се надеваат дека ќе дoзнаат детали за акциите кои ги изведувал од 13 ноември до апсењето, „доколку тој одлучи тоа да и го каже на полицијата“.
-Уште не ја сложивме сложувалката, далеку сме од тоа-рекол Леув, говорејќи за разгранетата мрежа на соучесници на Абдеслам.
Парискиот тужител Франсоа Молен, истовремено, изјавил дека неговиот антитерористички тим истражува дури 244 случаи во кои се вмешани 772 поединци.
Во меѓувреме , белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс пред два дена рече дека Абдеслам подготвувал напади и во Брисел.
Абдеслам рекол дека бил спремен повторно да покрене нешто од Брисел и тоа можеби е вистина-навел тој, додавајќи дека властите сериозно ги разгледуваат тие наводи зошто полицијата пронашла многу тешко оружје во првите истраги и видела нова мрежа на луѓе околу него во Брисел.
Абдеслам (26) , француски државјанин со мароканско потекло кој пораснал во бриселски Моленбек, повеќепати успеал да и и избега од раце на полицијата, помеѓу останатото и на денот на нападите во француската престолнина. Тој утре треба да биде сослушан во суд. Франција барала негова екстрадиција, но неговиот адвокат вели дека неговиот клиент „се бори против тоа“.
Абдеслам, како што пишуваат медиумите, купил експлозивен материјал и изнајмил стан и автомобил кои се употребени за нападите во Париз, а е одговорен и за доаѓањето на поедини терористи во Европа.
Утринските напади во Брисел се масло на Исламска држава. Фокусот на истрагата ќе биде на Наим Лашрауи (24) и Мохамед Абрини (31) , кои и се познати на полицијата од нападите во Париз, пишува јутарњи весник.
За разлика од Абдеслам, кој во Брисел е уапсен во петокот, тие двајцата успеале да и избегаат на полицијата. Абрини, како што се наведува му е пријател на Абдеслам уште од детството и надзорните камери го снимиле во друштво на терористи само неколку дена пред нападот. Од друга страна, ДНК на Лашрауи е најдена во „сигурните куќи“ во кои се спремале нападите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3evgRXy5Dyc[/embed]