Поради откривање лични податоци на корисници Фејсбук ќе плати висока казна
Рекордна казна од пет милијарди долари од американските регулатори доби Фејсбук поради скандалот со откривањето на личните податоци на корисниците.
Ова е заклучокот на истрагата на Федералната комисија за трговија (ФТЦ), која ги испитуваше обвинувањата дека политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“ незаконски дошла до личните податоци на 87 милиони корисници на Фејсбук.
Агенцијата за заштита на потрошувачите ја почна истрагата во март 2018, откако се дозна дека „Кембриџ аналитика“ добила пристап до податоците на десетици милиони корисници на Фејсбук. Истрагата се фокусираше на тоа дали Фејсбук прекршил договор од 2011 година, според кој морал да ги извести корисниците и тие да дадат одобрување за споделување на нивните податоци.
Двете страни засега не се огласија со коментар.