Поради омикрон премиерката на Нов Зеланд воведе строги мерки, но и ја откажа својата свадба
Во Нов Зеланд, премиерката Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови анти ковид мерки. Таа вели дека не е ништо поразлична од обичните граѓани.
Се воведува носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе. Мерките стапуваат од полноќ на сила. Во земјата е потврден нов кластер со 9 заразени.
„Јас не сум ништо поразлична од илјадници Новозеланѓани кои почувствуваа и поуништувачки последици на пандемијата, особено оние кои не можат да бидат со своите најблиски кога се тешко болни. Тоа надминува која било тага што јас ја имам искусено“, изјави Ардерн.
Околу 94 отсто од населението над 12 години е целосно вакцинирано, а 56 отсто од нив имаат примено и трета доза.
Омикрон брзо се шири во земјава.
Слично
