Поради омикрон, десет држави се најдоа на црвена листа
Израел на црвена листа стави 10 држави поради омикрон.
На оваа листа се најдоа САД, Италија, Белгија, Германија, Турција, Унгарија, Мароко, Португалија, Канада и Швајцарија. Листата ќе важи од полноќ на 22 декември. На спорната листа веќе има повеќе од 50 земји вкупно од океанските острови и Европа, најмногу од Африка. Дневниот број на случаи во Израел по два месеци надмина 1.000. Израелското Министерство за здравство објави дека во последните 24 часа има 1.004 нови случаи, а од вирусот починаа 8.232. Oвој сој се појави во Јужна Африка и се прошири во светот. Наскоро ќе доминира во Европа.
Слично
