Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради одмазда Исламска држава повика на напади во Европа

Поради одмазда Исламска држава повика на напади во Европа

Oрганизацијата Исламска држава (ИД) повикува на нови напади во Европа. 

ИД ги повика своите поддржувачи да ја искористат војната во Украина и да организираат напади во Европа. Како што велат целта е да се одмаздат за убиството на поранешниот лидер на организацијата. Новиот портпарол на ИД, Абу-Омар ал-Мухаџир повика на нова „глобална офанзива“ како одмазда за смртта на Абу Ибрахим ал-Курајши. Ал-Курајши е убиен во американска воена операција во Сирија на почетокот на февруари. Белата куќа тогаш објави дека тој се разнел за да избегне апсење. Претходните години пред пандемијата имаше повеќе терористички напади во Франција, Германија и други земји. 

Слично

Поврзани вести