Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради новите ЕУ такси „Харли Дејвидсон“ се сели во Европа

Поради новите ЕУ такси „Харли Дејвидсон“ се сели во Европа

Американскиот произведувач на мотори „Харли Дејвидсон“ ќе го пресели производството на мотори наменети за извоз од САД по воведувањето на повисоки увозни такси од страна на Брисел.

Во соопштението компанијата изрази жалење поради пораст на таксите од 6 на 31 отсто на моторите кои се наменети за европскиот пазар, со што се зголемува просечната поединечна цена на возилата за 2. 200 долари.

Тие исто така нагласија дека не би сакале ова да се одрази на нивните купувачи, па затоа дел од производството ќе го преселат во меѓународна фабрика, а процесот на селење ќе трае околу 18 месеци.

Европската Унија воведе такса од 25 отсто за низа американски производи како одговор на САД кои воведоа такса од 25 отсто на челикот и 10 отсто на алуминиумот.

Слично

Поврзани вести