Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради невнимание починале 45 бебиња во болници во Британија

Поради невнимание починале 45 бебиња во болници во Британија

Скандал ја тресе Британија, каде 45 бебиња починале во две болници поради невнимание. Ова се случувало и претходно. 

Докторот Бил Киркуп, кој ја водеше официјалната независна истрага вели дека тоа е тешко откритие. 

„Ако беа земени предвид националните стандарди, исходот можеше да биде различен во 45 од 65 испитани смртни случаи на бебиња. Тие не слушаа што зборуваа жените, ги игнорираа и тоа директно доведе до некои смртни случаи“, рече Киркуп, пренесува AFP.

Тој пред седум години објави слични наоди по истрагата за смртта на бебињата во друга група болници во северозападна Англија, и вели дека многумина не ги научиле лекциите. На извештајот му претходеше еден во март, кој покажа дека повеќе од 200 бебиња би можеле да преживеат доколку им се пружила подобра нега во болниците во Шрусбери и Телфорд NHS Trust. Тоа се оние кои починале набргу по раѓањето или имале сериозно оштетување на мозокот помеѓу 2000 и 2019 година. Утврдено е дека девет од 12-те мајки кои починале во тој период можеле да имаат значително подобар третман, а другите се породиле по природен пат иако требало со царски рез.

Слично

Поврзани вести