Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради мобилизацијата и луѓето кои избегаа во странство сега во Русија ќе фали работна сила

Поради мобилизацијата и луѓето кои избегаа во странство сега во Русија ќе фали работна сила

Мобилизацијата на војници за боиштата во Украина удира врз руската економија. Оценката е наведена во извештај на Централната банка на Русија.

Делумната мобилизација на 300.000 резервисти за фронтот во Украина ја поткопала довербата на потрошувачите за деловна активност и веројатно ќе влијае врз националната економија наредните месеци. 

Според извештајот чии делови објавува „Блумберг“, Одделот за истражување на Руската централна банка минатиот месец забележал забавување на закрепнувањето на економската активност во земјата, дури и благо влошување кон крајот на септември.

„Делумната мобилизација принуди повеќе од 350.000 Руси да ја напуштат земјата и го влоши веќе акутниот недостиг работна сила. Тоа, исто така, влијаеше негативно на довербата на потрошувачите и бизнисот“, пишува во документот.

До крајот на 2023 година, БДП ќе биде околу осум проценти под нивото на аутпутот во 2021 година.

Велат дека влијанието на американските и европските санкции врз нафтениот и високотехнолошкиот сектор сè уште не е почувствувано. Заминувањето на странските компании од рускиот пазар по почетокот на војната во февруари предизвикало инфлациски притисок. За да ја избегнат мобилизацијата, руските граѓани избегаа во Белорусија, Србија, Турција, Казахстан, а медиумите јавија дека двајца заминале преку морето во Аљаска. Во Белорусија цените на кириите се зголемени. Граѓани пружаа отпор при мобилизацијата. 

Слично

Поврзани вести