Поради кражба на идеи од Епл, Самсунг казнет со 600 милиони долари
Иако според првичната пресуда „Самсунг електроникс“ требаше да плати на „Епл“ милијарда долари за нарушување на правата за дизајн и техлогијата на популарни смартфони и таблет компјутери, сепак Федералниот суд во САД вчера одлучи да ја преполови оваа цифра.
Имено, судијата Луси Кох од судот во Сан Хозе, одлучи за штетата Самсунг да плати 600 милиони долари и побара да се започне нов процес во однос на обвинувањата на „Епл“ дека од компанијата „Самсунг“ ги краделе нивните идеи во повеќе од 12 модели на смартфони и таблети, вклучувајќи го и моделот Самсунг галакси.
Слично
