Поради ковид Чешка се затвора за странци
Поради ковид кризата Чешка се затвора за странци.
Државата забрани влез за странци кои не доаѓаат поради неопходни причини, со цел забавување на пандемијата. Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека забраната стапува на сила денеска и дека ќе се однесува на сите држави. Забраната не важи за оние кои работат или студираат во Чешка. Влезот во Чешка е дозволен за оние кои доаѓаат во посета на роднини или доаѓаат заради здравствена нега или, пак, присуство на свадби или погреби, јавува АП.
Откако Чешка на 6 јануари регистрираше рекорден број од 18.000 заразени, бројот на дневни инфекции почна да опаѓа. Но, бројот на новозаразени оваа недела повторно расте. Oд коронавирусот во земјата починаа над 16.000 луѓе.
