Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради корупција, Ди Каприо повикан да се повлече од ОН

Поради корупција, Ди Каприо повикан да се повлече од ОН

Добротворниот фонд „Бруно Мансер“ од Швајцарија побара познатиот американски актер Леонардо ди Каприо да се откаже од титулата амбасадор на мирот на ОН поради учество во корупција, пишува списанието. „Варајати“. Фондот го обвини актерот за добивање пари од лица поврзани со Малајскиот државен инвестициски фонд 1MDB, кој се користи за лични цели од премиерот Наџиб Разак. 

- Леонардо ди Каприо во неколку наврати одби даја објасни причината за блиски лични и финансиски врски со клучни лица вклучени во скандалот околу 1MDB, вели директорот на фондот „Бруно Мансер“, Лукас Страуман.

- Тоа е неприфатливо. Ако ди Каприо не се дистанцира од корупцијата во Малезија, тој треба да се повлече, како овластен претставник на ОН за областа на борбата против климатските промени. Ние не можеме да ја заштитиме животната средина, ако не се стави крај на корупцијата, вели уште Страуман.


Слично

Поврзани вести