Поради коронавирусот се откажува Евровизија
Се откажува Евровизија 2020.
Организаторите на избор за песна на Евровизијата денеска објавија дека поради ситуацијата со коронавирусот го откажуваат настанот.
„Со голема тага мора да соопштииме дека Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам е откажан. Во текот на последните неколку седмици разгледувавме различни алтернативни опции како да ја организираме Евровизија. Меѓутоа, со оглед на неизвесноста која ширењето на коронавирусот го предизвика во Европа и ограничувањата воведени од земјите-учеснички и Холандија, ЕБУ донесе тешка одлука дека не е можно да се продолжи со планираниот настан“, се вели во соопштението од ЕБУ.
Изборот за песна на Евровизија требаше да се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам, а за македонски претставник беше избран Васил Гарванлиев.
Европа во моментов е епицентар на коронавирусот, земјите секојдневно регистрираат нови заболени.
