Поради Келн, Германија ја олеснува депортацијата на осудени странци
Партиите од владејачката коалиција во Германија се согласија да ги олеснат процедурите за депортација на осудените странци.
„Тоа е тешко, но многу добар одговор на државата кон оние кои иако бараат тука заштита, си мислат дека можат да прават кривични дела, без тоа да има последици за нивното присуство во Германија“, изјавил министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер.
Одлуката беше донесена по сексуалните напади, кои беа извршени од мигрантите во Келн за новогодишната ноќ. Подоцна се покажа дека напади од сличен карактер имало и во други германски градови, како и во Австрија, Швајцарија, Шведска.
Новогодишните немири во Келн и другите германски градови биле организирани, но не станува збор за организиран криминал, изјавил денеска во етерот на „RBB Inforadio“ шефот на Федералната криминална служба Холгер Минхен.
Масовните напади врз жени и жители на Келн од страна на мигрантите и бегалците во ноќта на 1 јануари се случилe низ улиците на градот. Полицијата примила повеќе од околу 600 жалби од жените погодени од сексуалните напади, и многу кражби.
Според зборовите на очевидците помеѓу напаѓачите имало млади мажи со северноафриканскo и арапско потекло.
Поради нападите Германците почнаа да се однесуваат повеќе критички кон бегалците, а во исто време расте популарноста на евроскептиците. Такви се резултатите од анкетата спроведена од социолошкиот институт „INSA“ и објавени во германското издание „Bild“. Поддршката за канцеларката Ангела Меркел исто така се намалува.
