Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради хаосот во Венецуела се тресе цела планета: Цените на нафтата одат до небо

Поради хаосот во Венецуела се тресе цела планета: Цените на нафтата одат до небо

Цените на нафтата ја надминаа границата од 73 долари на меѓународните пазари.

До скок на цените дојде откако лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гваидо ја повикал војската да го поддржи падот на претседателот Николас Мадуро.

На лондонскиот пазар цената на барелот пораснала за 1,12 долари во однос на претходниот ден и изнесувала 73,16 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргувал за 1,17 долари повисока цена, или за 64,63 долари.

Извозот на нафта од Венецуела веќе е значајно ограничен со американските санкции и економска криза.

Истовремено, саудискиот министер за енергетика Калид ал Фалих, изјавил дека координираното намалување на производството на ОПЕК и групата независни произведувачи можело да биде продолжено до крајот на годината.

Според важечкиот договор, снабдевањето би требало да се намалува за 1,2 милиони барели дневно до крајот на јуни.

Саудиската порака сигнализира одбивање на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до ОПЕК производството да се згоелми како би се надоместил намалениот извоз од Иран и би се спуштиле цените.

Иранскиот извоз е намален поради американските санкции кои се заострени со укинувањето на санкции на големите купувачи на иранска нафта.



Foto: Epa/ BIENVENIDO VELASCO


Слично

Поврзани вести