Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради глад луѓето се принудени да јадат листови

Поради глад луѓето се принудени да јадат листови

Во африканска земја луѓето се принудени да јадат листови. 

Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс вели дека некои жители на Буркина Фасо со недели јадат листови. 

„На четвртина од петте милиони жители на Буркина Фасо итно им е потребна помош. Тој број е за 40 отсто поголем отколку на почетокот на годината”, додаде Грифитс.

За да се обезбеди таа помош потребни се 805 милиони долари, но обезбедена е помалку од една третина од таа сума. Во различни вооружени конфликти оваа година загинаа 3.200 луѓе, двојно повеќе од лани.

Грифитс успеа да го посети опколениот северен град Џибо, со 370.000 жители, каде што децата умираат од глад.

„Немаме храна, немаме ништо. Јадеме само лисја”, рече жителот на Џибо, Дауда Маига.

Објасни дека „помошта е недоволна, со неколку хеликоптери кои повремено летаат, а камионите кои се обидуваат да му се приближат на градот наидуваат на заседа”.

Секоја година многу африкански земји се борат со глад.  Имало години кога над 50 милиони луѓе на континентот гладувале. Фактори кои доведоа до глад се војната во Украина, пандемијата на коронавирусот, климатските шокови и зголемените цени.

Слично

Поврзани вести